ГИНИСОВИОТ РЕКОРД е срушен
По 30 непрекинати часа активна работа и презентација на 90 бизнис идеи, кои се натпреваруваа за добивање инвестиции во износ од 25.000 евра, ГИНИСОВИОТ РЕКОРД е срушен!
Во Македонија за прв пат се организираше рушење на Гинисовиот рекорд за најдолга презентација во светот на стартап бизнис идеите пред аудиториум на инвеститори, бизнис ангели и други.
БИЗНИС АНГЕЛИТЕ на МАКЕДОНИЈА и НЕТВОРКЕР во заеднички маратон беа учесници и подржувачи на најдолгата презентација на 90 бизнис идеи што траеше 30 непрекинати часа.
"На натпреварот беа претставени над 90 бизнис идеи пред шестчлена комисија во која земаа учество истакнати Бизнис Ангели на Македонија. Најдобрите пет идеи добија по 25.000 евра за реализација на истите. Секоја идеја беше презентирана за 10 минути пред комисијата", истакна претседателот на здружението Тоше Коцевски.
"Со организирање на овој настан добивме можност да срушиме интересен Гинисов рекорд во нашата држава, да влеземе во книгата на славните, а секоја бизнис идеја да добие можност да биде видена, слушната, можност да биде реализирана и можност да постигне успех од светски размери" вели Сања Митровска од „Нетворкер“, којашто веке има богато искуство на ова поле.
Покрај организаторот „Нетворкер“, поддржувачи на овој настан беа: Monday Digital Agency, Widnet Solutions, AIESEC, Junus Centre at Faculty of Economics- Skopje, Бизнис ангели на МАкедонија, Pikon Opus Investment, Startup Macedonia и многу други ентузијасти.