За нас
Бизнис ангелите се успешни бизнисмени кои, најчесто, во минатото создале или менаџирале една или повеќе успешни компании.
Првата официјална мрежа на Бизнис Ангели во Македонија формирана е во март, 2011 година. Бизнис ангелите се успешни бизнисмени кои, најчесто, во минатото создале или менаџирале една или повеќе успешни компании. Тие се лица кои располагаат со финансиски средства и нивната финансиска позиција им овозможува да инвестираат во високоризични инвестиции како млади компании со потенцијал за брз раст и големи добивки. Тие најчесто инвестираат поради желбата нивниот капитал да ја задржи својата вредност или поради заинтересираност за успех кон одредено фирма или личност. Значајноста на бизнис ангелите е согледана и од Европската Комисија со чија соработка во 1999 година се формира мрежата на европски бизнис ангели (EBAN-European Business Angel Network). Целта на EBAN да обезбеди почетни стартап фондови за бизнис проектите. Ваквите финансирања од типот на бизнис ангели се соодветни за стартап бизниси или пак бизниси кои се наоѓаат во својата рана фаза од животниот циклус.
Нашите вредности
Нашите вредности се водени од длабоко чувство за цел и покажана посветеност на вредности кои го потврдуваат животот, како што се чесност, интегритет, извонредност, храброст, понизност, доверба, грижа за луѓето и општествена и еколошка одговорност.
Тоше Коцевски
Претседател на Business Angel Network Macedonia, и основач на Pikon Investment Fund
Сања Митровска
Oсновач на Networker и фасилитатор на Google Design Sprint workshops.