Skip to content

Uncategorized

Македонија сруши Гинисов рекорд

    БИЗНИС АНГЕЛИТЕ на МАКЕДОНИЈА и НЕТВОРКЕР во заеднички маратон беа учесници и подржувачи на најдолгата презентација на 90 бизнис идеи што траеше 30 непрекинати часа.Во Македонија за прв пат се организираше рушење на Гинисовиот рекорд за најдолга презентација во светот на стартап бизнис идеите пред аудиториум на инвеститори, бизнис ангели и други.На натпреварот беа претставени над 90 бизнис идеи пред шестчлена комисија во која ќе земаа учество истакнати Бизнис Ангели на Македонија, истакнува претседателот на здружението Тоше Коцевски.Најдобрите пет идеи добија по 25.000 евра за реализација на истите.Секоја идеја беше презентирана за 10 минути пред комисијата.Со организирање на овој настан добивме можност да срушиме интересен Гинисов рекорд во нашата држава, да влеземе во книгата на славните, а секоја бизнис идеја да добие можност да биде видена, слушната, можност да биде реализирана и можност да постигне успех од светски размери, вели Сања Митровска од „Нетворкер“, којашто веке има богато искуство на ова поле.Покрај организаторот „Нетворкер“, поддржувачи на овој настан беа: Monday Digital Agency, Widnet Solutions, AIESEC, Junus Centre at Faculty of Economics- Skopje, Бизнис ангели на МАкедонија, Pikon Opus Investment, Startup Macedonia и многу други ентузијасти.

    Бизнис ангели со најмногу инвестиции

      Според недоамнешно истражување на DocSend, стартапите коишто добиле инвестиција од бизнис ангели контактирале околу 58 инвеститори пред да најдат заинтересиран бизнис ангел за нивната идеја, пишува Forbes.Статистиката вели дека притоа биле направени 40 состаноци и потрошени 12,5 недели за да ја затворат рундата инвестиции.Подолу се прикажани 10 бизнис ангели со најмногу инвестиции досега направени. 1) Фабрис Гринда (245 инвестиции)2) Пол Бакхаит (135 инвестиции)3) Веи Гуо (129 инвестиции)4) Алексис Охениен (126 инвестиции)5) Скот Банистер (126 инвестиции)6) Навал Равикант (121 инвестиции)7) Даниел Каран (114 инвестиции)8) Марк Бениоф (113 инвестиции)9) Марк Кубан (110 инвестиции)10) Симон Мурдок (99 иинвестиции) Извор: https://biznisinfo.mk/biznis-angeli-so-najmnogu-investicii/

      Меѓународен инвестициски форум во рамките на проектот „Газели“

        Наслов на проектот: „orGAniZing accELaration for high-potentiaL innovativE SMEs (Gazelle)“Наслов на програмата: (INTERREG V B) Balkan-Mediterranean 2014-2020 Во рамките на Проектот „Газели“ – Организирање забрзан раст за потенцијалните иновативни мали и средни претпријатија (МСП) – се одржа првиот Меѓународен инвестициски форум во Хотел „Холидеј ин“, Скопје (13 април 2022 година), во организација на Стопанската комора на Северна Македонија и на партнерските организации од Грција, Кипар и од Бугарија, наменет за иновативни компании кои се карактеризираат со брзо темпо на раст, што значително придонесува во создавање нови работни места.